0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Забрчанец: Северна Македонија го задржа првото место по транспарентност во регионот

Горди сме што повторно сме на прво место по отвореност и транспарентност во регионот. Да се биде на последно место во 2016 година, да се стигне до првото место и да се задржи првото место три години по ред, значи волја, одлучност, посветена работа и одговорност. Оваа Влада покажа високо ниво на политичка волја да ги отвори институциите. Воспоставуваме правила и стандарди со цел транспарентноста понатаму да не зависи од политичката волја и од тоа кој е на власт, туку да стане востановена пракса која е задолжителна за секоја институција,  истакна националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата Марјан Забрчанец, на регионална конференција посветена на отвореноста на извршните институции во регионот, што денеска се одржа во Подгорица.

Back to top button
Close
Close