Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Забрана за користење на водата за пиење во Ресен поради интервенција во мрежата

Водата од изворите во селото Крушје, од која се снабдува со вода градот денеска е забранета за користење, соопшти Јавното комунално претпријатие „Пролетер“ од Ресен.

Ресен, 29 ноември 2021 (МИА) – Водата од изворите во селото Крушје, од која се снабдува со вода градот денеска е забранета за користење, соопшти Јавното комунално претпријатие „Пролетер“ од Ресен.

Ваквата одлука, како што е наведено, е поради интервенција на водоводната мрежа.

– Сите корисници на вода од изворите во село Крушје, населените места на потегот од селото до Ресен, вклучувајќи го и градското подрачје, да не ја користат водата за пиење поради интервенција на водоводната мрежа, стои во информацијата. сс/цр

Таг
Back to top button
Close
Close