0_Македонија.ПорталОпштествоСостојба на патиштата

Забрана за камиони на Стража, Ѓавато и на патот Тетово – Попова Шапка

На планинскиот превој Стража изутринава од 06:30 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила. Забрана за камиони има и на патниот правец Тетово - Попова Шапка, како и на планинскиот превој Ѓавато. За останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема, информиаат од АМСМ и ЈП Македонијапат.

Скопје, 30 ноември 2021 (МИА) – На планинскиот превој Стража изутринава од 06:30 часот е воведена  забрана за движење на тешки товарни возила. Забрана за камиони има и на патниот правец Тетово – Попова Шапка, како и на планинскиот превој Ѓавато. За останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема, информиаат од АМСМ и ЈП Македонијапат.

На останатите патишта сообраќајот се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 ноември започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2022 година.са/

 

Back to top button
Close
Close