Општински вестиСкопје

Жичницата на Водно денеска ќе работи до 17:30 часот

Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје соопшти дека Жичницата на Водно денеска ќе работи до 17:30 часот поради редовни планирани тестирања.

Скопје, 19 мај 2022 (МИА) – Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје соопшти дека Жичницата на Водно денеска ќе работи до 17:30 часот поради редовни планирани тестирања.

Оттаму информираат дека од утре Жичницата повторно ќе работи со вообичаеното работно време, односно од 10 до 20 часот, согласно Одлуката за работно време во периодот мај – септември.

Од ЈСП потсетуваат дека во период од 19 до 19:30 часот е последно возење од долу кон врвот на Водно, односно во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу и дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, Жичницата не работи. сх/ац/

Таг
Back to top button
Close
Close