Дописници МКДОпштински вести

Жителите на Ѕвегор подготвени за карневалот Ѕвегорска Сурова

Во делчевското село Ѕвегор течат последните подготовки за карневалот Ѕвегорска Сурова, кој традиционално се одржува на празникот Василица. Кум на годинешната мамифестација е ѕвегорецот Ване Гошевски, кој информираше дека настанот годинава ќе се одржи со почитување на протоколите за заштита од Ковид-19.

Делчево, 11 јануари 2022 (МИА) – Во делчевското село Ѕвегор течат последните подготовки за карневалот Ѕвегорска Сурова, кој традиционално се одржува на празникот Василица. Кум на годинешната мамифестација е ѕвегорецот Ване Гошевски, кој информираше дека настанот годинава ќе се одржи со почитување на протоколите за заштита од Ковид-19.

– По пауза од една година повторно го организираме овој познат обичај, кој по традиција е секогаш на празникот Василица. Ја користам оваа прилика да ги поканам жителите на Ѕвегор да се маскираат и да дадат свој придонес во одржувањето на оваа настанот, кој е позната во овој крај од памтивек, истакна Гошевски.
Ѕвегорска Сурова е карневал на отворено во кој според старите преданија група луѓе маскирани во различни маски ги бркаат злите духови и го истеруваат злото од селото. Најкарактеристична маска е невестата, чие лице до завршувањето на Сурова не смее да биде откриено, а по откривањето кога завршува карневалот нејзиното лице се открива и се дарува со разни подароци.
По завршувањето на Ѕвегорската Сурова се организира заедничка вечера, на која се делат даровите кои „суроваскарите” ги добиле од мештаните за време на посетата на нивните домови.вс/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close