0_Македонија.ПорталОпштество

ЕСМ: РЕК Битола испрати свои пожарникари за гаснење на пожарот во Жито Битола

Две противпожарни возила и 20 пожарникари и вработени во Службата за техничка сигурност при РЕК Битола активно се вкучија во гаснењето на пожарот во фабриката Жито Битола. Едно противпожарно возило на РЕК Битола со тројца пожарникари дежураа во текот на ноќта, заедно со колеги од противпожарната единица од Битола и будно ја следеа состојбата во опожарениот објект. Противпожарната служба на РЕК Битола останува на располагање за било каква интервенција, доколку има потреба од тоа, соопшти ЕСМ.

Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.

+389 2 2461600
marketing@mia.mk
Back to top button
Close
Close