0_Спорт.ПорталРакометСпорт

ЕП ракомет: Шпанија ја победи Германија, Франција убедлива со Холандија

Репрезентацијата на Шпанија ја победи Германија во натпреварот од Групата 2 од главната рунда на Европското првенство во ракомет 2022 година. Средбата заврши со резултат 29:23.

Братислава, 20 јануари 2022 (МИА) – Репрезентацијата на Шпанија ја победи Германија во натпреварот од Групата 2 од главната рунда на Европското првенство во ракомет 2022 година. Средбата заврши со резултат 29:23.

Шпанија е на првото место во групата со четири бода. Второпласирана е Шведска, трета Германија и четврта Русија, сите со по два бода.

Вечерва од 20:30 часот играат Полска и Норвешка.

Во Групата 1, Франција во Будимпешта ја совлада Холандија со 34:24 и е на врвот на табелата со четири бода. Данска и Исланд се на второто и третото место со по два бода и натпревар кој треба да го одиграат вечерва (20:30 часот). Црна Гора е четврта исто така со два бода, додека Хрватска и Холандија се на последните две позиции без ниту еден бод. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close