Дописници МКДОпштество

Еко торби шие Борче од неготинска „Порака“

Еко торби шие Борче од неготинска „Порака“ - Центар за помош на лица со ментална попреченост.

Неготино, 16 октомври 2021 (МИА) – Еко торби шие Борче од неготинска „Порака“ – Центар за помош на лица со ментална попреченост.

– Мали и големи торби, со кратки и долги рачки, рачно везени или боени со специјални бои за платно кои не се уништуваат, за сите возрасти. Можност за нарачка по желба или со лого на фирма, везено или испечатено во нашата печатарска работилница. Торбите ги изработуваме и по желба на потрошувачите, нивно е само да ја наградат нашата работа со тоа што ќе порачаат и ќе го промовираат нашиот труд, велат од Центарот за МИА.

Сето ова се прави, како што нагласуваат, за да ги поддржат и наградат способноста на Борче, кој ја води работилницата за шиење и везење, како и неговиот тим.

– Ова го правиме, исто така, заради екологијата. Потоа, за да им олесниме на сите луѓе, бидејќи од 1 декември едно пластично ќесе во продажба ќе чини 15 денари.  Да се обезбедат еко торби и да се даде придонес во заштитата на животната средина, наместо да се трошат многу пари, нагласуваат од „Порака“. свд/вј/

Back to top button
Close
Close