Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Еколошка изложба – Младите за чисто Тетово

Здружението Мултикултура-Тетово во соработка со млади уметници од градот организираше изложба на фотографии и уметнички слики посветени на екологијата со цел преку уметноста да се предложат решенија за повеќе еколошки проблеми.

Тетово, 1 декември 2021 (МИА) – Здружението Мултикултура-Тетово во соработка со млади уметници од градот организираше изложба на фотографии и уметнички слики посветени на екологијата со цел преку уметноста да се предложат решенија за повеќе еколошки проблеми.

Млади фотографи преку фотографии ги идентификуваа најзагадените делови на градот, додека уметниците преку својата уметност преку девет реализирани слики изразија како би сакале да изгледаат овие делови од градот; чисти и добро управувани.

„Еко изложбата“ која е реализирана од Здружение Мултикултура во соработка со младите уметници има за цел да ја подигне свеста кај граѓаните за чиста и добро управувана животна средина. Комуналниот отпад е проблем за секој граѓанин, како и за младите уметници, кои преку својата уметност предлагаа решенија за овој проблем, изјави Мајлинда Илјази од Мултукултура.

Оваа активност се реализираше во рамки на проектот „Позитивни промени за управување со комуналниот отпад во општина Тетово“, спроведен од Здружение Мултикултура и финансиски поддржан од Фондација Отворено општество Македонија.ас/лв/

Back to top button
Close
Close