ОстанатоСпортФудбал

Екипите од Третата фудбалска лига-Исток добија спортска опрема од ФФМ

Екипите кои оваа сезона се натпреваруваат во првенството на Третата фудбалска лига – Исток добија спортска опрема и фудбалски топки, донација од Фудбалската федерација на Македонија. Опремата им беше доделена по барање од Општинскиот фудбалски сојуз – Кочани, кој годинава ја доби задачата да го организира првенството во лигата, а на стадионот „Никола Мантов“ донацијата им беше поделена на претставници од клубовите.

Кочани, 10 мај 2022 (МИА) – Екипите кои оваа сезона се натпреваруваат во првенството на Третата фудбалска лига – Исток добија спортска опрема и фудбалски топки, донација од Фудбалската федерација на Македонија.

Опремата им беше доделена по барање од Општинскиот фудбалски сојуз – Кочани, кој годинава ја доби задачата да го организира првенството во лигата, а на стадионот „Никола Мантов“ донацијата им беше поделена на претставници од клубовите.

– Задоволни сме што управата на Фудбалската федерација, позитивно одговори на нашето барање да им помогнеме на клубовите кои се натпреваруваат во третолигашки ранг, со оглед што сите се соочуваат со финансиска криза. Во донацијата за секој клуб има по 18 комплети со дресови, десетина топки, како и штитници, гаќички, чорапи и дополнителен горен дел дрес. Се надеваме дека обезбедената поддршка ќе им биде од корист на клубовите за да ги намалат нивните трошоци околу обезбедување на опремата и организирањето на тренинзите, истакна Александар Андов, претседател на ОФС – Кочани.

Од Општинскиот фудбалски сојуз најавија дека во соработка со ФФМ за следната сезона ќе се ангажираат да обезбедат опрема и комплет реквизити за реализирање на тренинзите за сите клубови. та/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close