Дописници МКДОпштински вести

Екипите на ЈП „Еремја“ работат на одржување на хигиената во Вевчани

Навремено санирање на дефектите во водоснабдителната и канализациската мрежа, системска дезинсекција и дератизација на пречистителниот канализациски систем и шахтите, чистење на отворени канали, се дел од реализираните активности на јавното претпријатие „Еремја“ од Вевчани.

Вевчани, 15 февруари 2022 (МИА) – Навремено санирање на дефектите во водоснабдителната и канализациската мрежа, системска дезинсекција и дератизација на пречистителниот канализациски систем и шахтите, чистење на отворени канали, се дел од реализираните активности на јавното претпријатие „Еремја“ од Вевчани.

Директорката на претпријатието Јасмина Бебекоска информира дека нивните екипи се постојано на терен за тековно одржување на хигиената во општината, со апел за подигање на свеста кај населението за одржување на јавната чистота.

– Екипи на ЈП „Еремја“ се постојано на терен и работат на тековно чистење, собирање на отпадот и негово депонирање. Се трудиме да го кренеме нивото на јавната чистота во општина Вевчани. Апелираме за поголема свесност за одржување на хигиената и зачувување на околината, рече Бебекоска.

Според неа, надминат е и проблемот со затнување на новите канализациски линии.

– Го решивме проблемот со шахтите, кои се длабоки по пет метри, на потегот на регионалниот пат кон Здравствен Дом Вевчани. Ги замолуваме жителите да не фрлаат несоодветни предмети во канализација, истакна директорката.

Според Бебекоска, заменети се сите сијалици и рефлектори во „Вевчанските извори“, расчистени се паднатите дрвја, санирана е и дел од оштетената ограда и патеките во овој Споменик на природата. Посочи дека е отстранета и дивата депонија кај црквата „Свети Димитрија“, а екипите на претпријатието, се грижат и за зимското одржување на улиците, расчистување од снегот и фрлање ризла и сол. сс/вј/

Таг
Back to top button
Close
Close