Дописници МКДКултураОпштински вести

Едукативна работилница по повод Месецот на книгата во Пехчево

По повод Месецот на книгата, пехчевската библиотека „Кочо Рацин" организираше едукативна работилница на тема „Есен“. Директорката на библиотеката Габриела Костадинова информираше дека целта на активноста е учесниците да се запознаат и емоционално да ја доживеат содржината на одбраната тема.

Пехчево, 27 октомври 2021 (МИА) – По повод Месецот на книгата, пехчевската библиотека „Кочо Рацин” организираше едукативна работилница на тема „Есен“. Директорката на библиотеката Габриела Костадинова информираше дека целта на активноста е учесниците да се запознаат и емоционално да ја доживеат содржината на одбраната тема.

-Идеално место за такво нешто беше Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево, каде, како што кажува и самиот наслов „Есента ни раскажува расказ – Жолта приказна”, во пријатна есенска атмосфера реализиравме интерактивна настава со дечињата од градинката „7 Септември” и библиотеката „Кочо Рацин”, рече Костадинова.
Меѓу останатото, посочи таа, учениците имале  задача да развијат способност за препознавање на карактеристиките на годишното време есен.
-Сметаме дека целта беше постигната, бидејки дечињата успешно одговорија на поставените прашања, што ни дава за право да најавиме уште многу вакви и слични настани, рече Костадинова.
По завршувањето на настанот, а по повод Месецот на книгата, директорката на библиотеката им подари сликовници на сите учесници на денешниот настан. вс/хс/

Back to top button
Close
Close