Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Едукативна кампања за употреба на безбедносните појаси на територија на СВР Охрид

На повеќе сообраќајни пунктови на територијата на СВР Охрид се врши контрола на возачите на моторни возила за носење безбедносен појас и им се укажува на неопходноста од негово користење со цел подигнување на безбедноста за време на управување со моторно возило.

Охрид, 5 октомври 2022 (МИА) – На повеќе сообраќајни пунктови на територијата на СВР Охрид се врши контрола на возачите на моторни возила за носење безбедносен појас и им се укажува на неопходноста од негово користење со цел подигнување на безбедноста за време на управување со моторно возило.

Тоа е дел од новата превентивна кампања „Стави појас“, што во текот на октомври ќе ја реализира отсекот за превенција при СВР Охрид и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот.

Во рамки на кампањата, како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, полициските службеници ќе делат флаери, маици и друг соодветен едукативен материјал со логото „Стави појас“.

– Кампањата има превентивно и едукативен карактер, а целта е укажување на возачите на моторни возила за користење на заштитните појаси при управување со возилата, како една од основните компоненти кон безбедно управување со возилото, истакна Димоски за МИА.

Едукативната камапња, посочи, почнала вчера на неколку сообраќајни пунктови во Охрид, каде била запрени 50-тина учесници во сообраќајот.

– Според првичните впечатоци, кампњата е прифатена позитивно од страна на возачите. Дел од контролираните возачи во текот на вчерашниот ден, користеле безбедносни појаси, што укажува на висока свесност од потребата за носење безбедносен појас при управување на моторните возила, рече Димоски.

Во рамки на кампањата полициските службеници, додаде, пред се ќе укажуваат и ќе даваат практични совети за придобивките од употребата на заштитни појаси. сс/цр

Таг
Back to top button
Close
Close