Дописници МКДОпштински вести

Еднократна парична помош за семејствата од Валандово кои имаат прваче

Советниците на Општина Валандово донесоа одлука од оваа учебна година да се воведе еднократна парична помош на семејствата кои запишале прваче во учебната 2021/2022 година.

Валандово, 6 декември 2021 (МИА) – Советниците на Општина Валандово донесоа одлука од оваа учебна година да се воведе еднократна парична помош на семејствата кои запишале прваче во учебната 2021/2022 година.

–Мерката ја воведуваме првпат со цел да ја потврдиме нашата заедничка заложба за солидарна и рамноправна заедница. Според новата субвенција, на секое семејство кое запишало прваче, од оваа учебна година општината ќе му додели еднократна парична помош во износ од 4.000 денари, истакна градоначалникот Перо Костадинов.

За користење на средствата општината ќе изготви соодветни формулари за аплицирање, а за нивното пополнување граѓаните ќе бидат информирани деновиве.

Од општината посочуваат дека со оваа мерка продолжуваат да ја зајакнуваат социјалната компонента преку подржување граѓани од различни групи. им/хс/

Back to top button
Close
Close