Дописници МКДОпштински вести

„Еднаквоста е важна” – инклузивен настан во Ранковце

На ранчот на Countryside Retreat во Општина Ранковце денеска   првпат ќе се одржи инклузивен настан за лицата со попреченост од општините Ранковце и Крива Паланка, посветен на вчерашниот  Светски ден за лица со попреченост - 3  Декември.

Крива Паланка, 4 декември 2021 (МИА) –  На ранчот на Countryside Retreat во Општина Ранковце денеска   првпат ќе се одржи инклузивен настан за лицата со попреченост од општините Ранковце и Крива Паланка, посветен на вчерашниот  Светски ден за лица со попреченост – 3  Декември.
Настанот ќе биде мултимедијален и интегриран, со овозможена соодветна дружба и забава на отворено за лицата со нетипичен развој, сите учесници ќе можат да се дружат со животните на прекрасниот комплекс на отворено, согласно сите мерки и протоколи за заштита од Ковид-19.
Присутните ќе можат со помош на инструктори да пробаат јавање и техники за седлање на коњите, како и четкање и нивно хранење, информираат организаторите од „Пинк супорт“ ( Pink Support) и „Хендикеп плус“, кои ќе имаат и свои обраќања на настанот.
На настанот ќе се вклучат и  ученици од средно уметничко училиште „Лазар Личеноски” од Скопје кои ќе цртаат мурали на ѕидовите низ целиот ранч, а за забавниот дел на настанот ќе се погрижи пејачот Даниел Данн, водителка ќе биде актерката Драгана Левенска, а за  дружење со коњите ќе биде одговорен член на коњичкиот клуб „Анималс“ од Скопје.
Овој настан е поддржан од локалните самоуправи и градоначалниците на  Општина Ранковце  и Општина Крива Паланка, Бугарската амбасада, „ЕУ со тебе“ и Europe House Крива Паланка.
Најавени се гости од невладиниот сектор од нашата држава и од соседна Република Бугарија. ид/хс/

Back to top button
Close
Close