Локални избори 2021Политички партии

„Единствена Македонија“ од Кратово: Гласајте за себе и сопствените интереси

Политичката партија „Единствена Македонија“ пред жителите на Кратово ја промовираше советничката листа и носителка на листата за Кратово, Стојна Димитровска.

Скопје, 10 октомври 2021 (МИА) – Политичката партија „Единствена Македонија“ пред жителите на Кратово ја промовираше советничката листа и носителка на листата за Кратово, Стојна Димитровска.

Претседателот на партијата Јанко Бачев истакна дека неговите кандидати за советници имаат визија за општините.

– Треба да си ја вратиме општината назад на граѓаните, а после е лесно да ги решаваме локалните проблеми на народот. Науката се погрижила да ги изнајде механизмите како се гради убава општина за живеење, истакна Бачев.

Испрати порака до кратовчани да гласаат за себе и сопствените интереси. кибак/

Back to top button
Close
Close