0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталВидео изјаваМакедонија.СлајдерХроникаХроника.Портал

Евакуирани повеќе објекти во центарот на Скопје (видео)

Неколку објекти меѓу кои и зградата во која се сместени МИА, СЕП, ДКСК, Финансовата полиција, Инспекторатот за животна средина, вечерва се евакуирани. На вработените им е кажано веднаш да излезат од објектите.

Скопје, 30 ноември 2021 (МИА) – Неколку објекти меѓу кои и зградата во која се сместени МИА, СЕП, ДКСК, Финансовата полиција, Инспекторатот за животна средина, вечерва се евакуирани. На вработените им е кажано веднаш да излезат од објектите.

Испразнети се и зградите на А1, на МНР и соседните објекти во центарот на Скопје. Полицијата не дозволува движење на луѓе и возила кон Мавровка, МНТ и МРТ, а блокирани се и околните улици и крстосници. Забалежливо е зголемено присуство на полицијата и полициски возила.

Зсега нема официјални информации што точно се случува. Според  непотврдени информации, станува збор за дојава за подметнат експлозив. дма/са/

Back to top button
Close
Close