Дописници МКДОпштински вести

ДУИ оставија ќеси со смет пред зградата на општина Гостивар, Таравари смета дека се на погрешна адреса

Претставници на локалниот огранок на ДУИ и граѓанската иницијатива „Гостивар кој го сакам“, оставија десетици ќеси со отпад, во знак на револт и незадоволство од хигиената во Гостивар. Градоначалникот Таравари посочи дека станува збор за предизборна активност која е упатена на погрешна адреса.

Гостивар, 23 септември 2021 (МИА)-Претставници на локалниот огранок на ДУИ и граѓанската иницијатива „Гостивар кој го сакам“, оставија десетици ќеси со отпад, во знак на револт и незадоволство од хигиената во Гостивар. Градоначалникот Таравари посочи дека станува збор за предизборна активност која е упатена на погрешна адреса.

Африм Аручи, е носител на листата за советници од ДУИ во обраќањето пред зградата на општина Гостивар посочи дека сметот е собран во различни делови.

– Нашите членови денес излегоа на терен и ја завршија работата која е обврска на локалните власти. Ги исчистивме населбите од ѓубре, бидејќи овие четири години чистотата во градот е под секое ниво и без институционална грижа.

Тука за да ѝ дадеме до знаење на јавноста, дека пред четири години Таравари зборуваше за чист град, а денес секој агол од градот е полн со ѓубре“, рече Аручи

Тој посочи дека првиот човек на градот и по четири години не го исполнил ветувањето за инвестирање во депонијата Русино и решавање на проблемот.

Арбен Таравари градоначалникот на општина Гостивар запрашан за коментар за обвинувањата на политичките опоненти, ги отфрли како неаргументирани и дека тие се упатени на погрешна адреса.

– За депонијата треба да протестираат пред министерството за екологија, бидејќи таму уште не е завршена работата до крај. Но, навикнати се го обвинуваат Таравари за сè. Па така јас сум виновен и за многуте казина во градот, во Струга, во Чаир, за неизградената болница во Кичево па дури очекувам да ме прогласат за виновен и за неизградените автопатишта кон Блаце и Охрид. Убеден сум дека на 17 октомври ќе го добијат одговорот од граѓаните, рече Таравари.згм/ир

Back to top button
Close
Close