ОпштествоСкопје

Дружба на ученици и млади со церебрална парализа за подигање на екосвеста

Во организација на средното училиште „Арсени Јовков“  и Совет на родители на деца и лица со церебрална парализа „Златни ангели“, денеска се одржа настан за подигање на свесноста за здрава животна средина кај средношколците во насока на создавање нова еко генерација.

Скопје, 30 септември 2022 (МИА) – Во организација на средното училиште „Арсени Јовков“  и Совет на родители на деца и лица со церебрална парализа „Златни ангели“, денеска се одржа настан за подигање на свесноста за здрава животна средина кај средношколците во насока на создавање нова еко генерација.

На настанатот учествуваше и градоначалничката на Скопје  Данела Арсовска.

Учениците имаа можност преку дружба со младите со церебрална парализа преку музика и песна со цел подигање на свесноста за потребата од зголемена инклузија, да се запознаат со потребите од активно учество за здрава животна средина, по што следуваше заедничка акција за чистење и садење садници во училишниот двор, соопшти прес-службата на Град Скопје./

Таг
Back to top button
Close
Close