Дописници МКДОпштински вести

Државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание одбележан во Кичево

Со положување букети цвеќе пред споменикот костурницата во Китино кале, во Кичево беше одбележан 11 Октомври - Денот на востанието на македонскиот народ.

Кичево, 11 октомври 2021 (МИА) –  Со положување букети цвеќе пред споменикот костурницата во Китино кале, во Кичево беше одбележан 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ.

На ова одбележување беа присутни претставници од Здружението на сојузот на борците од Кичево, претставници од Здружението на пензионери.

-Се собравме тука каде што се положени коските на 555 загинати наши сограѓани во Втората светска војна, за да ја одбележиме 80 годишнината од Денот на народното востание на македонскиот народ 11 Октомври, изјави претставникот на Здружението на сојузот на борците од Кичево, Владо Дејаноски.

Дејановски додаде дека со почетокот на востанието започнала и борбата за ослободување на државата. Тој им порача на младите генерации да го паметат денот и периодот од Втората светска војна, кога се положени многу животи за денешната слобода. за/ки/

Таг
Back to top button
Close
Close