Дописници МКДОпштински вести

Државниот празник 11 Октомври во Битола одбележан на партизанските гробишта и пред Споменикот на НОБ

Општина Битола пригодно ја одбележа 80 годишнината од почетокот на борбата за ослободување од фашистичкиот окупатор во Втората светска војна.

Битола, 11 октомври 2021 (МИА)Општина Битола пригодно ја одбележа 80 годишнината од почетокот на борбата за ослободување од фашистичкиот окупатор во Втората светска војна.

Според востановената традиција, делегација на Општина Битола предводена од градоначалничката Наташа Петровска положи цвеќе пред Споменикот на антифашистичката народно ослободителна борба и револуцијата што се наоѓа на плоштадот „Гоце Делчев“ и на партизанските гробишта во Битола.

– Празниците се значајни за најмалку две работи, прво, да се потсетиме и да им оддадеме почит на оние коишто се заслужни за сето ова што го имаме, и второ, да се присетиме себеси дека се во животот е избор. Избор имаме и во нашата денешница, за нашата битка, за нашата борба, којашто треба да претставува продолжување на негување на вредностите за кои се бореле нашите предци во минатото. Во име на граѓаните на Битола оддавам почит кон оние коишто ги дале своите животи за да бидеме денес ние овде, но и со нашето делување да ја продолжиме нивната битка, истакна Петровска.

Цвеќе на спомениците на борците кои ги изгубија животите во Втората светска положија војна претставници на Советот на Општина Битола, Општинската организација на Сојузот на борците од Битола, како и претставници на политички партии и граѓански организации. мт/ки/

Таг
Back to top button
Close
Close