Дописници МКДКултураКултура.Портал

Државна изложба на детски ликовни творби „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“

НУ Центар за култура-Битола ја продолжи традицијата со државната изложба на детски ликовни творби, работени на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“ која континуирано се одржува од 1974 година.

Битола, 26 мај 2022 (МИА) – НУ Центар за култура-Битола ја продолжи традицијата со државната изложба на детски ликовни творби, работени на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“, која континуирано се одржува од 1974 година.

Јавниот конкурс и изложбата се организираат со цел младите генерации да се напојат од богатиот народен вруток, за да можат да се инспирираат и да создаваат дела длабоко втемелени во дамарите на вековната културна традиција, а сепак осовременети и адекватни на времето во кое живеат, истакна м-р Валентин Соклевски, координатор на изложбата.

-Тежнението на долгата традиција во областа на народното творештво да му се обезбеди културен континуитет, си најде практична реализација преку активноста на илјадници деца ширум Републиката кои заедно со своите ликовни педагози неуморно истражуваат низ бесценетиот народен мозаик. Народните носии, везови, ткаените изработки, архитектурата, копаничарството, керамиката, обичаите, изработките од бакар, сребро, злато, и многу други делови од народното културно наследство , претставуваат цел на детскиот интерес и инспирација. Потврда на сето тоа е оваа импозантна изложба која со богатството на мотивите, раскошниот колорит и креативноста претставува достојно продолжување на богатата народна уметничка традиција, посочи Соклевски.

Со одлука на жири комисија, годинава специјална награда е доделена на ООУ „Димче А. Габерот“ од Демир Капија, а награда за ликовна колекција и поединечни награди се доделени на повеќе училишта и ученици од државата. мт/ац/

Таг
Back to top button
Close
Close