Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

До 9 часот на гласачкото место 0543 во Дебар гласале 40 граѓани

Во гласачкото место 0543 во Дебар, каде денеска се повторува гласањето и за градоначалник и за советници изборниот процес се одвива непречено.

Дебар, 31 октомври 2021(МИА) – Во гласачкото место 0543 во Дебар, каде денеска се повторува гласањето и за градоначалник и за советници изборниот процес се одвива непречено.

-До 9 часот правото на глас го остварија 40 граѓани или околу два отсто од вкупно запишаните 777 лица во единствениот избирачки список. До сега немаме проблеми, се надевам дека така ќе биде до крајот на гласањето, изјави за МИА Аргетим Муча, претседател на избирачкиот одбор.

 

 

Излезноста на ова гласачко место, кое е сместено во Средното општинско училиште „28 Ноември“ е речиси идентична, споредено со гласањето на 17 октомври.

Пред гласачкото место, на одредена оддалеченост, можеше да се забележи присуство на полициски службеници. вт/мд/

Таг
Back to top button
Close
Close