Дописници МКДЛокални избори 2021

До 18:30 часот во Ранковце излезеноста 78.23 отсто

Излезеноста на граѓаните на вториот круг од локалните избори во Општина Ранковце до 18:30 часот изнесува високи 78.23 отсто.

Крива Паланка, 31 октомври 2021 (МИА) – Излезеноста на граѓаните на вториот круг од локалните избори во Општина Ранковце до 18:30 часот изнесува високи 78.23 отсто. Од 3014 граѓани со право на глас, пред завршување на изборниот процес гласале 2354 граѓани од оваа општина.
Според изјавата, на претседателот на Општинската изборна комисија на Ранковце, Орце Тодоровски, тринаесетте избирачки места се затворени навреме, а во текот на целиот изборен ден не се забележани никакви нерегуларности во избирачкиот процес.
Излезеноста на граѓаните на Општина Кратово до 18:30 часот изнесува 62.27  отсто од вкупниот број (7862) гласачи, кои своето граѓанско право го остваруваат на 37 избирачки места. ид/дма/

Back to top button
Close
Close