Дописници МКДЛокални избори 2021Политика

До 17 часот на Локалните избори во Охрид гласале 46, во Дебрца 53 отсто од граѓаните

Според информациите од ОИК, во Охрид на гласање до 17 часот излегле 46 отсто од граѓаните со право на глас, додека во Дебрца во истиот временски рок гласале 53 отсто од граѓаните впишани во Единствениот избирачки список.

Охрид, 17 октомври 2021 (МИА) – Според информациите од ОИК, во Охрид на гласање до 17 часот излегле 46 отсто од граѓаните со право на глас, додека во Дебрца во истиот временски рок гласале 53 отсто од граѓаните впишани во Единствениот избирачки список.

Гласањето во 88-те избирачки места во Општина Охрид се одвива непречено и без поголеми прекини така што засега нема причина гласачките места да не бидат затворени во предвидениот рок односно во 19 часот.

Слична е ситуацијата и во Општина Дебрца каде најверојатно изборниот процес ќе заврши во предвидениот рок, освен на Избирачкото места 1315 во Ново Село, каде согласно одлуките на ДИК поради прекин на гласањето изборниот процес ќе биде продолжен два часа и после предвиденото, онолку време колку што и траел прекинот. аб/лв/

Back to top button
Close
Close