Дописници МКДЛокални избори 2021

До 17 часот на гласачко место 0543 во Дебар излезноста 64,35 отсто

На гласачкото место 0543 во Дебар, каде се прегласува и за градоначалник и за советници, до 17 часот излезноста е 64,35 отсто.

Дебар, 31 октомври 2021(МИА) – На гласачкото место 0543 во Дебар, каде се прегласува и за градоначалник и за советници, до 17 часот излезноста е 64,35 отсто.

– До 17 часот правото на глас го искористија 500 граѓани или 64,36 отсто од вкупно  запишаните во избирачкиот список. Излезноста споредено со првиот круг, 17 октомври, е поголема за 19 отсто или гласале 147 граѓани повеќе. Изборниот тек минува без проблеми и очекуваме така да биде се до 19 часот кога се затвора гласачкото место, вели Рилинд Хаса, претседател на Општинската изборна комисија.

На ова гласачко место во Единствениот избирачки список запишани се 777 граѓани, а во првиот круг правото го искористија 484 или 62,29 отсто.  вт/цр

Таг
Back to top button
Close
Close