Дописници МКДЛокални избори 2021Политика

До 15 часот излезноста во општина Гевгелија над 40 отсто

Излезноста на гласачите на седмите локални избори во општина Гевгелија заклучно со 15 часот изнесува 40,15 отсто. Од ОИК информираа дека на гласање излегле 7.652 граѓани, односно 40,15 отсто од евидентираните гласачи.

Гевгелија,17 октомври 2021(МИА) – Излезноста на гласачите на седмите локални избори во општина Гевгелија заклучно со 15 часот изнесува 40,15 отсто. Од ОИК информираа дека на гласање излегле 7.652 граѓани, односно 40,15 отсто од евидентираните гласачи.

Според бројките што ги соопштија од ОИК, блиску до гевгелиската излезнот се и општините Богданци и Валандово. Во општина Богданци до 15 часот на гласање излегле 2.505 граѓани или 37,87 отсто, а во Валандово излезноста во процент изнесува 38,6 отсто, односно гласале 3.854 од запишаните 9.992 избирачи.

Во општина Дојран е највисок процентот на излезност од 46,75 отсто, но на избирачкиот список има најмалку гласачи чиј број изнесува 2.678. им/вј/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close