Дописници МКДОпштество

Дојран доби детско игралиште во чест и сеќавање на донорката на органи Емилија Динева

По повод две години од смртта на Емилија Динева, благодарение на несебичноста на нејзиното семејство, физички продолжи да живее нејзиното донирано срце, а пријателите, роднините, соседите и почитувачите на нејзиното дело, според нејзината желба да биде опкружена со деца, токму со донации го изградиле новото детско игралиште во Дојран за трајно зачувување на споменот на нивната драга сограѓанка.

Гевгелија, 26 мај 2022 (МИА) – По повод две години од смртта на Емилија Динева, чие донирано срце, благодарение на несебичноста на нејзиното семејство продолжи физички да живее, пријателите, роднините, соседите и почитувачите на нејзиното дело, ја исполнија нејзината желба да биде опкружена со деца и со донации го изградија новото детско игралиште во Дојран за трајно зачувување на споменот на нивната драга сограѓанка.

– Донаторите на органи, како нашата Емилија Динева, ќе останат засекогаш запаметени во поновата медицинска историја кај нас и нивните имиња ќе се споменуваат како синоним за добрина, хуманост и човекољубие, истакна дојранскиот градоначалник, Анго Ангов, при пуштањето во употреба на новото детско игралиште.

Ангов се заблагодари за добрината која Динева ја остави зад себе и, како што рече „ветуваме дека твоето име ќе биде забележано во колективната меморија на нашиот народ“ им/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close