Дописници МКДОпштински вести

Донирани таблет-компјутери и друга опрема за ОУ „Никола Карев“ во Кочани

Учениците од ОУ „Никола Карев“ во Кочани денеска добија нови таблет-компјутери и друга опрема донирани од компанијата „Антура МК“.

Кочани, 1 декември 2021 (МИА) – Учениците од ОУ „Никола Карев“ во Кочани денеска добија нови таблет-компјутери и друга опрема донирани од компанијата „Антура МК“.

Опремата треба да им овозможи на учениците од пониските одделенија, како и на оние со влошен социјален статус, полесно да го следат наставниот процес.

-„Антура МК“ продолжува да ги следи досега воспоставените принципи на помагање на локалната заедница во која работиме. Една од инвестициски цели е помагање на социјално ранливите категории граѓани. Во тие рамки, одлучивме да се вклучиме со донација во ОУ „Никола Карев“ каде учениците ќе добијат таблет-компјутери и еден саундбар систем. Се надеваме дека со тоа ќе го подобриме следењето на образовниот процес во училиштето, истакна Емилија Ѓоргиева, претставник на компанијата „Антура МК“.

Од училиштето искажаа задоволство од досегашната успешна соработка, нагласувајќи дека холандско-македонската компанија постојано е вклучена во помагањето на локалната средина со различни донации.

-Голема благодарност до компанијата „Антура“ која традицијата за донирање ја продолжува и оваа година. Дел од таблетите ќе бидат наменети за новата концепција на образование од прво и четврто одделение, а другиот дел за социјално ранливите категории деца од нашето училиште, истакна Билјана Петрова, директорка на ОУ „Никола Карев“ – Кочани.

Освен поддршката за ова училиште, компанијата „Антура МК“ во изминатиот период учествуваше во низа активности за поддршка на образовни институции, спортски клубови и поединци од општината, како и за опремување детски игралишта.

На примопредавањето на опремата присуствуваа вработените од училиштето и претставници од компанијата, при шпто беше искажано задоволство од досегашаната успешна сорабтока. та/хс/

Back to top button
Close
Close