Дописници МКДОпштински вести

Донација за Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ во Битола

Славчо Јовев, тапанар на групата Фолтин ќе донира средства за Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин” во Битола. Со ова, продолжува акцијата „Хуманитарен тикет викенд“ што компанијата Mozzart ја организира во соработка со јавни личности.

Битола, 18 октомври 2021 (МИА) – Славчо Јовев, тапанар на групата Фолтин ќе донира средства за Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин” во Битола. Со ова, продолжува акцијата „Хуманитарен тикет викенд“ што компанијата Mozzart ја организира во соработка со јавни личности.

Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин” во Битола е единствена установа во земјава од таков вид, а постои повеќе од 70 години како државно училиште во кое преку рехабилитација, образование, современа технологија, специјализирани методи и форми на работа, се развиваат способностите на децата со проблеми во развојот, а со цел да се оспособат за полесен пристап во секојдневниот живот.

Втор пат по ред донација од Хуманитарен тикет оди во Битола, бидејќи претходно помошта пристигна и во Домот за доенчиња и мали деца во Битола.

-Продолживме со нашата хумана мисија во овој град, со донацијата на Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин”. Сакаме да се заблагодариме на музичарот Славчо Јовев на учеството во акцијата, се надеваме дека и идните учесници ќе бидат успешни како него. Компанијата Mozzart ќе се потруди да понуди помош на што повеќе адреси, а посебно кај Институциите кои ги згрижуваат најмладите, нагласи Мики Златески, менаџер за Корпоративни процеси во Mozzart.

Низ акцијата хуманитарен тикет за викенд до сега се собрани речиси 300.000 денари кои компанијата MOZZART ги донираше во добротворни цели.мт/бт/

Back to top button
Close
Close