Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Донаторска акција во опрема за Доброволното противпожарно друштво „Волонтер” од Делчево

Во тек е донаторска акција за набавка на опрема за Доброволното противпожарно друштво „Волонтер” од Делчево.

Делчево, 7 август 2022 (МИА) – Во тек е донаторска акција за набавка на опрема за Доброволното противпожарно друштво „Волонтер” од Делчево.

Првичниот лимит за набавка на опремата, како што информираа од ДПД „Волонтер”, е 120.000 денари.

-Чизми, ракавици одела, гребла, пумпи (напртњачи), радио врски. Ова е само дел од опремата што ни е потребна за поефикасно функционирање на здружението. Буџетот е 120.000 денари или околу 2.000 евра, сметаме дека со тие средства можеме да ја обезбедиме потребната опрема за нашите членови, истакнаа од ДПД „Волонтер”.

Доброволното друштво од Делчево досега е активен учесник во справувањето со огнените стихии во делчевскиот регион и пошироко, а обезбедената поддршка како што додадоа ќе биде повеќе од добредојдена на друштвото.

– Паралелно ДПД „Волонтер” започна со обуки за членови и работиме на регрутирање на нови младинци во здружението, но секако дека ни е неопходна опрема. Доброволното противпожарно друштво „Волонтер” е доброволна, хуманитарна, непрофитна граѓанска организација чија основна цел е помагање при гаснење на пожари и спроведување на еколошки акции, хуманитарни акции, додадоа од друштвото.

Во моментот доброволното противпожарно друштво од Делчево има 15 членови и е отворено за прием на нови доборволци. Линкот за донации кои се реализираат преку платформата ecrowd.mk како што додадоа е објавен на официјалната фејсбук страница на ДПД „Волонтер” Делчево. вс/цр

Таг
Back to top button
Close
Close