Дописници МКДОпштински вести

Доделена паричната награда за првороденото бебе во Македонска Каменица

Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Динчо Атанасовски денеска ја додели парична награда во вредност од 20.000 денари на првороденото бебе во општината. Малена се роди на 8 јануари и е трето дете во семејството Спасевски.

Македонска Каменица, 25 јануари 2022 (МИА) – Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Динчо Атанасовски денеска ја додели паричната награда во вредност од 20.000 денари на првороденото бебе во општината. Малена се роди на 8 јануари и е трето дете во семејството Спасевски.

-Го посетив првото новороденче на територијата на општина Македонска Каменица – Малена Спасевска која се роди на 8-ми јануари 2022 година. Малена е трето дете на мајката Анастасија и таткото Ангелчо и на среќните родители им врачив скромен подарок и чек во износ од 20.000 денари, согласно Правилникот за исплата на парични средства за новородено дете, рече Атанасовски, изразувајќи надеж дека оваа година е биде рекордна по бројот на новородени деца.

Најави дека тим од Општината работи на нови програми со кои ќе им се помогне на младите родители, како и програми со кои ќе се мотивираат младите да остануваат и да работат во Македонска Каменица. вс/ки/

Back to top button
Close
Close