Дописници МКДОпштински вести

Договорена соработка меѓу Општина Босилово и компанијата „Нула отпад“

Општина Босилово и компанијата „Нула отпад“ договорија соработка за изградба на центар за селекција на електронски отпад, а ќе бидат реализирани и низа едукативно-превентивни активности за позитивните ефекти од селекцијата на отпадот.

Струмица, 17 август 2022 (МИА) – Општина Босилово и компанијата „Нула отпад“ договорија соработка за изградба на центар за селекција на електронски отпад, а ќе бидат реализирани и низа едукативно-превентивни активности за позитивните ефекти од селекцијата на отпадот.

Како што информираше градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев, Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“ донираше приколица за трактор за Општината со носивост од четири тони.

Манчев додаде дека во наредниот период ќе се реализираат и активности за подигање на електронски отпад од домаќинствата. рт/рп/

Таг
Back to top button
Close
Close