Дописници МКДОпштински вести

Дискусија за пристап до информации од јавен карактер во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево

Во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево денеска се дискутираше на тема „Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, на која свое обраќање имаше Бојан Трпески, правник во Македонско здружение за млади правници.

Кичево, 27 ноември 2021 (МИА) – Во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево денеска се дискутираше на тема „Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер“, на која свое обраќање имаше Бојан Трпески, правник во Македонско здружение за млади правници.

– Нашата цел беше граѓаните да можат да имаат слободен пристап до информации од јавен карактер, да ги информираме како да го користат тоа право и да обезбедат правна заштита доколку институциите не одговорат на нивното поднесено Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, нагласи Трпески.

Дополни дека при дискусијата се осврнале и на механизмите кои можат да ги искористат граѓаните за вклучување во процесот на донесување на одлуки.

– Дали тоа се работи за изготвување на закони или за учество на локално ниво. Генерално, целта ни е да се создадат група на граѓани кои сакаат да се вклучат и да влијаат во донесувањето на одлуки, додаде Трпески.

Тој апелираше дека треба да се подигне информираноста на граѓаните и воопшто јавната свест за постоењето на овие механизми.

– Секој кој има потреба од информации, дали тоа се работи за Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, и да се создаде една група на граѓани која сака нешто да промени во општеството, да се носат политики кои одговараат на нивните потреби и успешно ќе ги решат проблемите со кои се соочуваат, нагласи Трпевски. за/ар/

Back to top button
Close
Close