Посетете ја новата веб страна на МИА
0_Македонија.ПорталВидеоВидео изјаваМКДОпштество

Димитровски: ИПА-проектите се одлична можност за задржување на младите во државава

Ние сме сведоци денеска дека младите во принцип заради неперспективноста во општеството својата иднина ја гледаат во Европската унија, тие сакаат да ја напуштат државата и во потрага по работа се насекаде затоа овој тип на проекти пред се Интерег програмата е значајна, истакна заменик минитерот за локална самоуправа Зоран Димитровски на денешниот семинар на тема „Вклучување во ЕУСАИР и Интерег ИПА програмите“ одржан во Скопје.

Скопје, 24 јануари 2023 (МИА) –  Ние сме сведоци денеска дека младите во принцип заради неперспективноста во општеството својата иднина ја гледаат во Европската унија, тие сакаат да ја напуштат државата и во потрага по работа се насекаде затоа овој тип на проекти пред се Интерег програмата е значајна, истакна заменик минитерот за локална самоуправа Зоран Димитровски на денешниот семинар на тема „Вклучување во ЕУСАИР и Интерег ИПА програмите“ одржан во Скопје.

Заменик министерот информира дека се очекува на Западен Балкан ЕУ да вложи околу 100 милиони евра од кој најголем дел биле посветени на развој на бизнисот, заштита на животната средина, туризмот на размената на луѓе.

-И тука пред се учество треба да имаат младите посебно би сакале да посветиме внмимание на младите во бизнисот, заштита на животната средина и тоа е она што сметаме дека со средства на ЕУ, меѓутоа и со ко-финансирање од Министерството за локална самоуправа преку буџетот на државата треба да се поттикне. Посебно во овие региони знаеме дека Македонија е центрична сите се слеваaт во Скопје, и од тие причини развојот на останатите региони токму ќе придонесе за поголемо влијание и поголемо учество на младите и да ги привлече да останат и да создаваат овде во Македонија, изјави Димитровски.

Целта на семинарот беше сите потенцијални корисници на овие програми подобро да се запознаат со стратегиите за регионот и конкретните можности за нивно вклучување.

На настанот учество зедоа млади, експерти и претставници од академската фела.

На присутните им се обратија и Крисела Хацкај, извршен директор на Институтот за соработка и развој од Тирана, Албанија, Жил Кител, менаџер на тим од Инструментот за претпристап, преговори за проширување и ЕУСАИР и претставник од Европската комисија, како и Зуица Змејковска, претставник од програмата ЕУСАИР за Северна Македонија.свс/лв/

Таг
Back to top button
Close
Close