Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Димитриевски тврди дека без образложение е однесено на технички возилото со кое се превезувал, МВР ќе го истражи случајот

Независниот кандидат за градоначалник на Куманово Максим Димитриевски денеска обвини дека без образложение е запрено и однесено на технички преглед возилото со кое се превезувал, а од  Министерството за внатрешни работи по ваквите тврдења  соопштија дека целосно ќе го истражат случајот

Куманово, 19 октомври 2021 (МИА) – Независниот кандидат за градоначалник на Куманово Максим Димитриевски денеска обвини дека без образложение е запрено и однесено на технички преглед возилото со кое се превезувал, а од Министерството за внатрешни работи по ваквите тврдења  соопштија дека целосно ќе го истражат случајот

– Во врска со денешниот случај во Куманово, кога е сопрено возило „Рено“, управувано од Д.Д., ве известуваме дека Министерството за внатрешни веднаш го вклучи Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди за целосно расчистување на случајот. МВР нема да дозволи каков било притисок, незаконско постапување или злоупотреба на положбата, соопштија од МВР.

Претходно, Димитриевски, споделувајќи видеоматеријал на неговиот фејсбук профил обвини дека неосновано е запрено возило во кое се превезувал на улицата „Лесковачка“ во Куманово и оти му се побарани документи, без да има какво било образложение. Тој кажа дека е направен застој на улицата каде била сместена ординацијата на матичниот лекар каде тргнал.

– Ваква тортура не се правела никогаш во македонската јавност. Повторно граѓаните на Куманово ќе победат, поради ваквите недемократски принципи кои се спроведуваат, кажа Димитриевски.

Подоцна, Димитриевски обвини дека му се одземени документи и  возилото е однесено на технички преглед, иако, како што рече, е ново со уредно полномошно за управување.

-Еве сега во моментов како да сум најголем криминалец во државата, а не градоначалник на најголемата општина. Со ротации ми ги одземаа документите и не спроведуваат на наводно вршење на технички преглед на возилото, иако возилото е ново, со уредно полномошно за управување, согласно сите законски нормативи и прописи. Сепак, на овој начин јас лично се онеспособувам да ја работам мојата работа како градоначалник и кандидат во рамки на изборната кампања, рече Димитриевски.ам/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close