Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Димитриевски: Поддршка за младите, развој на спортот во Куманово

Куманово, 22 октомври 2021 (МИА) – Бесплатен автобуски превоз за студентите и пензионерите вети независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски на денешната прес конференција. Тој посочи дека ќе се дадат и поголеми можности на младите во градот преку отворање на младински центри и најави отворање на Tech-Center за млади на локација-градски базен во Куманово.

-Ќе се формира клуб на млади на кровот на градскиот базен кој веќе е покриен каде тие ќе може да ги извршуваат своите активности, рече Димитриевски.

Тој потенцираше дека во моментов се работи на реконструкција на спортската сала, кој се финансира со средства обезбедени од страна на северо-историчниот плански регион. Овие средства и следуваат на општината согласно Законот за рамномерен регионален развој.

Претходно Димитриевски најави активна поддршка на спортските клубови, обезбедување повеќе средства за развој ан спортот преку општинскиот сојуз на спортови.

Ќе организираме повеќе турнири и натпревари на локално, државно и интернационално ниво. Сите заедно за наше Куманово, кажа Димитриевски.ам/са/

Back to top button
Close
Close