Дописници МКДОпштински вести

Димитриевски на средба со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска оствари прва средба со амбасадорката на Република Романија во Република Северна Македонија Адела Моника Аксинте, придружувана од почесниот конзул на Романија со седиште во Куманово Алириза Османи.

Куманово, 26 мај 2022 (МИА) – Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска оствари прва средба со амбасадорката на Република Романија во Република Северна Македонија Адела Моника Аксинте, придружувана од почесниот конзул на Романија со седиште во Куманово Алириза Османи.
Во соопштението испратено до медиумите се наведува дека Димитриевски и амбасадорката разговарале за унапредување на соработката во повеќе сфери и дека се истакнати пријателските односи меѓу двете држави.
– На денешната средба, со секретарот на Општината Александар Гелевски ја изразивме заедничката определба за развивање на натамошна соработка во повеќе општествени области и големиот потенцијал, кој го поседуваат двете земји. Исто така, ги истакнавме реалните можности и очекувања за натамошен развој на пријателските односи помеѓу Македонија и Романија, како и заедничкиот интерес за размена на искуства во сите актуелни сфери на дејствување, кои претставуваат механизми за создавање блиски релации помеѓу двете држави, рече Димитриевски. ам/ац/

Таг
Back to top button
Close
Close