Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Димитриевски: Да продолжиме да го развиваме Куманово

Независниот кандидат за градоначалник од иницијативата „За наше Куманово“, Максим Димитриевски ги повика кумановци да излезат масовно на 31-октовмри и да го поддржат. Тој најави продолжување на проекти за развивање на Куманово во модерен, европски град.

Куманово, 23 октомври 2021 (МИА) – Независниот кандидат за градоначалник од иницијативата „За наше Куманово“, Максим Димитриевски ги повика кумановци да излезат масовно на 31-октомври и да го поддржат.

Тој најави продолжување на проекти за развивање на Куманово во модерен, европски град.

– Куманово ќе биде поубаво место за живеење, затоа што кумановци отсекогаш биле пркосни како граѓани. Не верувајте на лажни ветувања, бидете рационални. Излезете масовно на 31-ви октомври и поддржете нè. Јас сум подготвен, секогаш за вас и со вас да ги бранам интересите на кумановци. Да продолжиме заедно да го развиваме наше Куманово во еден модерен европски град. Одиме до крај,  порача независниот кандидат за градоначалник Димитриевски. ам/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close