Дописници МКДЛокални избори 2021Политика

Димитриевски: Граѓанскиот концепт „За наше Куманово“ ги победи сите политички партии и субјекти

Граѓанскиот концепт „За наше Куманово“ ги победи политичките субјекти во Куманово, рече на денешната прес-конференција независниот кандидат за градоначалник, Максим Димитриевски. Тој се заблагодари на граѓаните за поддршката која вчера ја добија од кумановци и им порача и во вториот круг да го поддржат. Димитриевски рече дека ќе продолжат со борбата за Куманово да стане поубаво место за живеење.

Куманово, 18 октомври 2021 (МИА) – Граѓанскиот концепт „За наше Куманово“ ги победи политичките субјекти во Куманово, рече на денешната прес-конференција независниот кандидат за градоначалник, Максим Димитриевски. Тој се заблагодари на граѓаните за поддршката која вчера ја добија од кумановци и им порача и во вториот круг да го поддржат. Димитриевски рече дека ќе продолжат со борбата за Куманово да стане поубаво место за живеење.

– Оваа беше борба на Давид и Голијат, во која граѓанскиот концепт ги победи сите политички субјекти и партиите, успеа да отпочне со демонтажа на еден веќе монтиран систем којшто прави груба злоупотреба на системот во партиско-политички цели. Кумановци и ние тоа го игнориравме и заедно успеавме, рече Димитриевски.

Тој најави дека и во наредните денови ќе ја побараат поддршката од граѓаните.

Димитриевски, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека поднел претставки до меѓународните мисии и набљудувачи, но не и во МВР, бидејќи, како што посочи, не и верува и не успеал да обезбеди докази.

Тој обвини за делење помош, агитирање, уцени, но кажа дека граѓаните го препознале и ќе го казнат таквото однесување на 31 октомври.

Носителката на листата на иницијативата „За Наше Куманово“, Ивана Ѓорѓиевска рече дека освоиле осум советнички места и се заблагодари за поддршката на граѓаните.ам/вј/

Back to top button
Close
Close