Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Димитриевски: Градскиот стадион ќе добие целосно нов лик, со реконструкција во неколку фази

Кандидатот за градоначалник од иницијативата „За наше Куманово“, Максим Димитриевски денеска најави реконструкција на градскиот стадион во Куманово.

Куманово, 26 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник од иницијативата „За наше Куманово“, Максим Димитриевски денеска најави реконструкција на градскиот стадион во Куманово. Градскиот стадион ќе се реконструира во неколку фази, во првата ќе се реконструираат трибините, сè до негова целосна реконструкција, за полни трибини и нови спортски победи, најави Димитриевски.

Тој денеска се сретна со тренери, играчи и родители од клуб Куманово „Милано 2010“ на градскиот стадион.

– Имаме и план и визија за развој во спотот во наше Куманово. Ја завршивме првата фаза од реконструкцијата на Соколана, по што следува и целосна реконструкција на овој објект, како и партерно уредување на комплексот. Ќе градиме нови и модерни терени со тартан подлога во секое основно и средно училиште, но и во секоја урбана или месна заедница каде во моментов нема. Предвидуваме голем број на проекти во овој сегмент, по победата на локалните избори ќе продолжиме неуморно да работиме за да го вратиме стариот сјај на Куманово како „Град на спортот“, рече Димитриевски.ам/ир

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close