Дописници МКДЛокални избори 2021Општински вестиПолитички партии

Димитар Костадиноски ја презеде функцијата градоначалник на Општина Јегуновце

Димитар Костадиноски oд денескa почна да ја извршува функцијата градоначалник на Општина Јегуновце. Откако вчера го добиле уверението од Општинската изборна комисија Јегуновце дека е избран за градоначалник, денеска беше извршено и симболично примопредавање на функцијата со средба на двајцата противкандидати.

Тетово, 27 октомври 2021 (МИА) – Димитар Костадиноски oд денескa почна да ја извршува функцијата градоначалник на Општина Јегуновце. Откако вчера го добиле уверението од Општинската изборна комисија Јегуновце дека е избран за градоначалник, денеска беше извршено и симболично примопредавање на функцијата со средба на двајцата противкандидати.

По преземањето на функцијата од страна на досегашниот градоначалник Дарко Блажески, новоизбраниот Димитар Костадиноски  се заблагодари на укажаната доверба и изрази уверување дека ќе биде градоначалник на сите жители на Општина Јегуновце, како и тоа дека ќе работи одговорно,чесно и транспарентно.

-Блажески му го честиташе новиот четиригодишен градоначалнички мандат и посака успеси во работењето и реализирање на сите проекти што ќе бидат во интерес на граѓаните, информираат од Општина Јегуновце.

Костадиноски победи уште во првиот круг со 2.412 гласови или 50,40 отсто.  Блажески имаше 1.976 или 41,29 отсто од гласовите. ас/мд/

Back to top button
Close
Close