Локални избори 2021Политички партии

ДИК ќе формира комисија за увид во избирачкиот материјал од гласачко место 543 во Дебар

Државната изборна комисија ќе формира Комисија која ќе изврши увид во целокупниот избирачки материјал од избирачкото место 543 во Дебар.

Скопје, 21 октомври 2021 (МИА) – Државната изборна комисија ќе формира комисија која ќе изврши увид во целокупниот избирачки материјал од избирачкото место 543 во Дебар.

Претседателот на ДИК Александар Даштевски на денешната седница рече дека ќе формира комисија и откако таа ќе ги добие решенијата ќе се закаже седница за што јавноста ќе биде навремено информирана.

–  Со оглед дека во законот пишува дека ДИК на барање на член на Комисијата задолжително врши увид во целокупниот избирачки материјал во избирачко место каде што се спровело гласањето на начин предвиден со член 108 од законот, изјави Даштевски, додавајќи да се формира комисија на чело со Кренар Лога, член на ДИК, кој бараше да се прегледа материјалот,

Лога бара да се спроведе споредување на отпечатоците од прсти за избирачко место 543 каде од записникот, како што рече, се гледа дека 172 избирачи имаат гласано без совпаѓање на отисок во уредот. .

Членот на ДИК Оливер Ристовски, претходно рече дека ова е предлог по кој ДИК не одлучува и реагираше да се утврдат критериуми врз основа на што ќе се утврдува дека се исполнети законските услови за ова право.

– Тоа е законски предлог и нема зошто да го гласаме, но сакам и за сега и за во иднина да поставиме некои критериуми. Прво, врз основа на што ние утврдуваме дека е процентот исполнет од законската обврска, и второ, за ова одлучува Претседателот на Комисијата, бидејќи за мене е се чисто на избирачко место 543, изјави Ристовски.

Претходно, членовите на ДИК со четири гласа „против“ и три „за“ го отфрлија приговорот на коалицијата на Алијансата за Албанците (АА) и Алтернатива за избирачкото место 543 во Дебар.

Претставникот на АА и Алтернатива бараше поништување на гласањето на ова избирачко место, што беше поддржано од членот на ДИК, Кренар Лога. Според Лога, записникот од Избирачкиот одбор е невалиден бидејќи не бил потпишан од мнозинството членови на ИО.

Исто така, беше наведено дека претседателот на Одборот на избирачкото место на денот на гласање бил разрешен од ОИК Дебар, но продолжил да ја врши функцијата. Членовите на ДИК од ДУИ и СДСМ посочија дека во записникот нема забелешки за текот на гласањето, така што нема основ за поништување на гласањето. аа/хс/ 

Таг
Back to top button
Close
Close