0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталЛокални избори 2021ОпштествоПолитика

ДИК ќе ги соопшти конечните резултати од првиот круг на локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на јавна седница ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на изборите за градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.

Скопје, 23 октомври 2021 (МИА) – Државната изборна комисија (ДИК) денеска на јавна седница ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на изборите за градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.

Се очекува, претседателот на ДИК Александар Даштевски на седницата официјално да соопшти во кои општини ќе се гласа за градоначалници во вториот круг од изборите и каде ќе се повтори гласањето од првиот круг на изборите, како и да го соопшти бројот на советници што партиите и независните листи го освоија на изборите.

Болните и немоќните кои сакаат да гласаат на вториот круг на изборите ќе можат да се пријават во општинските изборни комисии до вечерва на полноќ (23 октомври), а правото на глас во своите домови ќе можат да го искажат и болните и немоќните кои беа веќе пријавени во првиот круг од изборите.

Рокот за пријавување за гласање во вториот круг на изборите на лицата со Ковид-19 и во изолација истекува на 25 октомври.

Болните и немоќните, лицата со Ковид-19 и во изолација, како и затворениците, лицата во притвор и во старските домови гласаат еден ден пред изборите, односно на 30 октомври. ев/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close