0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталЛокални избори 2021Општество

ДИК со укажување до ОИК и ИО да им овозможат пристап на медиумите и набљудувачите во гласачките места

Државната изборна комисија (ДИК) најостро ги осудува дејствијата со кои на 17 октомври, денот на изборите, на медиумски работници и акредитирани набљудувачи на изборите им беше попречен пристапот до одредени гласачки места.

Скопје, 25 октомври 2021 (МИА) – Државната изборна комисија (ДИК) најостро ги осудува дејствијата со кои на 17 октомври, денот на изборите, на медиумски работници и акредитирани набљудувачи на изборите им беше попречен пристапот до одредени гласачки места.

Како највисок изборен орган, ДИК, како што се наведува во соопштението, им укажува на членовите на општинските изборни комисии и избирачките одбори во целост да се придржуваат до насоките добиени во едукативните материјали од ДИК и на обуките кои ги спроведуваат сертифицираните обучувачи на ДИК:

– Да им овозможат пристап на медиумските работници и акредитираните набљудувачи во гласачкото место, да им овозможат на медиумските работници да снимаат или фотографираат во гласачкото место, водејќи сметка за тајноста на гласањето и личните податоци на гласачите (во оваа смисла, не е дозволено снимање и фотографирање на гласачите зад гласачките паравани и на личните податоци на гласачите кои се содржани во уредите за биометриска идентификација на гласачите и изводите од избирачкиот список) и можат да дадат изјава за медиумите која содржи технички информации околу гласањето, се посочува во соопштението.

За ДИК транспарентноста на целокупниот изборен процес е принцип од исклучително значење, потенцираат од Комисијата. ев/дма/

Back to top button
Close
Close