0_Web_АктуелноЛокални избори 2021Македонија.СлајдерПолитика

ДИК: Пријавувањето на болни и немоќни за гласање до 23 октомври, лицата со Ковид до 25 октомври

Државната изборна комисија (ДИК) денеска информираше дека лицата на кои им е признаено правото на глас како болно и немоќно лице тоа право ќе го остварат и во вториот изборен круг, на ист начин и под исти услови. За вториот изборен круг може да се поднесуваат и нови барања од гласачи за остварување на правото на глас како болно и немоќно лице, наведуваат од ДИК. Нови барања ќе треба да поднесат и лица со Ковид-19 и во изолација.

Скопје, 21 октомври 2021 (МИА) – Државната изборна комисија (ДИК) денеска информираше дека лицата на кои им е признаено правото на глас како болно и немоќно лице тоа право ќе го остварат и во вториот изборен круг, на ист начин и под исти услови. За вториот изборен круг може да се поднесуваат и нови барања од гласачи за остварување на правото на глас како болно и немоќно лице, наведуваат од ДИК. Нови барања ќе треба да поднесат и лица со Ковид-19 и во изолација.

Рокот за поднесување на нови барања за остварување на правото на глас како болно и немоќно лице е до 23 октомври, до 24:00 часот.
Гласачите кои сакаат да го остварат своето право на глас еден ден пред денот определен за гласање, како лице во домашен карантин поради позитивен тест на КОВИД-19 и лице на кое му е определена мерка самоизолација, се должни до Општинската изборна комисија да достават ново барање за гласање.

Рокот за поднесување на нови барања за остварување на правото на глас како лице во домашен карантин поради позитивен тест на КОВИД-19 и лице на кое му е определена мерка самоизолација е до 25 октомври, до 24:00 часот. ев/са/

МИА Фото: Архива 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close