0_Web_АктуелноЛокални избори 2021Македонија.СлајдерПолитика

ДИК одобри уште 347 акредитации за набљудување на локалните избори во недела

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница одобри уште 347 акредитации за набљудување на вториот круг од локалните избори, а на дневен ред на седницата се и постапување по приговори за заштита на лично избирачко право и постапување по приговори на гласачите кои се одбиени за гласање како болни и немоќни лица.

 Скопје, 29 октомври 2021 (МИА) – Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница одобри уште 347 акредитации за набљудување на вториот круг од локалните избори, а на дневен ред на седницата се и постапување по приговори за заштита на лично избирачко право и постапување по приговори на гласачите кои се одбиени за гласање како болни и немоќни лица.

ДИК одобри акредитација како дополнување на уште 221 набљудувач од Аксиос 2017,  дополнување на 125 набљудувачи од Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција Мак Сонце, како и за едно лице од Амбасада на Кралството Шпанија.

Седницата беше прекината и треба да продолжи по пауза од половина час по приговорите за заштита на лично избирачко право. ев/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close