0_Спорт.ПорталФудбал

Дибала може да го пропушти натпреварот на Јувентус во Лигата на шампионите против Челзи

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала, можеби нема да игра на натпреварот од второто коло во Лигата на шампионите, против Челзи, објави „Фудбал Италија“.

Рим, 26 септември 2021 (МИА) – Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала, можеби нема да игра на натпреварот од второто коло во Лигата на шампионите, против Челзи, објави „Фудбал Италија“.

Фудбалерот се повреди на натпреварот од Серија А помеѓу Јувентус и Сампдорија (3:1, второ полувреме).

Во 10. минута Аргентинецот постигна гол, по што почна да куца. Наскоро играчот мораше да биде заменет. Дибала во солзи го напушти теренот.

Натпреварот од групната фаза на Лигата на шампионите Јувентус – Челзи ќе се одигра на 29 септември. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close