0_Македонија.ПорталПолитика

ДЗС организираше работилница на тема „Подобрување на достапноста и користењето на официјалната статистика во Северна Македонија“

Државниот завод за статистика на Северна Македонија, заедно со Заводот за статистика на Шведска денеска одржаа работилница на која се дискутираше за подобрување на надворешната комуникација на ДЗС и подготовка на нова комуникациска стратегија.

Скопје, 26 октомври 2021 (МИА) – Државниот завод за статистика, во соработка со Заводот за статистика на Шведска денеска одржа работилница на која се дискутираше за подобрување на надворешната комуникација на ДЗС и подготовка на нова комуникациска стратегија.

Во Младинскиот културен центар, на денешната работилница преку интерактивна дискусија се говореше за понатамошниот придонес кон подготовка на издржана стратегија за комуникација.

Главните прашања и теми што се покренаа беа околу тоа како медиумите ги користат статистичките податоци, дали има пристап до податоците и што недостасува во официјалната статистика.

Работилницата се организира во рамки на проектот „Подобрување на достапноста и користењето на официјалната статистика во Северна Македонија“, финансиран од Шведската агенција за меѓународна соработка – СИДА, а имплементиран во соработка со Заводот за статистика на Шведска. ки/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close