0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Де Хеа пред продолжување на договорот со Манчестер јунајтед

Давид де Хеа е блиску до продолжување на договорот за две години со Манчестер јунајтед. Шпанецот наскоро ќе потпише нов договор, објавија некои медиуми во Англија.

Манчестер, 26 мај 2022 (МИА) – Давид де Хеа е блиску до продолжување на договорот за две години со Манчестер јунајтед. Шпанецот наскоро ќе потпише нов договор, објавија некои медиуми во Англија.

Новиот договор меѓу голманот и клубот од „Олд Трафорд“ ќе биде со важност до летото 2025 година. Актуелниот договор на Де Хеа истекува летото 2023 година.

Шпанецот брани за Манчестер јунајтед од јули 2021 година. Сезонава има 46 настапи за тимот, примено 66 гола и 10 „суви“ мрежи.

Манчестер Јунајтед минатата сезона заврши на шестото место на табелата во Премиер лигата со 58 бодови. Тимот следната сезона ќе учествува во Лигата на Европа. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close